Оланд: Франција почнува разузнавачки летови над базите на ИД во Сирија

Од:

Франција ќе почне со разузнавачки летови над Сирија и ја разгледува можност за извршување воздушни напади врз ектремистите од Исламска држава во земјата, изјави денеска на прес-конференцијата во Париз францускиот претседател Франсоа Оланд.

Тој сепак додаде дека Франција не планира да извршува копнени операции во Сирија, бидејќи тоа би било „несоодветна и нереална мерка“.

– Имаме докази дека од Сирија се планирани напади врз неколку земји, меѓу кои и Франција. Должен сум да информирам колку што е можно подобро за заканите против нашата земја. Затоа му наложив на министерот за одбрана да почне разузнавачки летови над Сирија, кои ќе ни овозможат да размислуваме за воздушните напади врз ИД, задржувајќи си го правото на сопствени активности и одлуки, додаде Оланд.

Тој прецизираше дека наредил разузнавачките летови над базите на исламистите во Сирија да почнат од утре.

Говорејќи во Елисејската палата на темата на миграциската криза во Европа, Оланд изјави дека Франција ќе прифати 24 илјади бегалци во следните две години, согласно предлогот, што се очекува да го даде Европската комисија за дополнително примање на земјите-членки на вкупно 120 илјади мигранти.

Тој изрази уверување дека ЕУ ќе успее да се справи со миграциската криза.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата