Археолози пронајдоа камена арена во близина на Стоунхенџ

Од:

Британските археолози пронајдоа остатоците од огромен камен споменик, скриен под земја и трева, само неколку километри од Стоунхенџ.

Деведесет менхири формираат неолитска арена во форма на латиничната буква „c“, која се граничи со сувото речно корито и директно гледа на реката Авон,  пренесува „Гардијан“.

Експертите со радар „снимиле“ 30 недопрени менхири со висина од 4,5 метри. Остатоците на уште 60 камени блокови или дупки каде камењата биле прободени, ја покажаа целата големина на споменикот.

– Почнуваме да гледаме на ова како на најголем преживеан камен споменик откриен во Британија, а најверојатно и во Европа, сочуван под брегот, рече Винс Гани, арехолог на Бредфорд универзитеотт  кој го предводи проектот Скриени пејсажи на Стоунхенџ.

Камењата поставени пред повеќе од 4.500 години за да формираат ритуална арена, сместена се во природна вдлабнатина.

– Веруваме дека станува збор за ритуална арена, рече Гафни чиј тим ги мапираше надземните и подземните карактеристики на земјиштето околу Стоунхенџ.

Гафни верува дека камењата стоеле исправено и дека ги собориле неолитски градители при  „реконструкцијата“ на Стоунхенџ.  Камењата биле инкорпорирани во помалку невештата јужна лунарна граница на кружниот ров познат како Дарингтон ѕидини, кои се дел од споменикот Стоунхенџ.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска