Град во кој алгебрата го добила името

Од:

Со богата историја подолга од 2000 години, узбекистанскиот град Кива претставува вистинска оаза преполна со фасцинантна архитектура од времето кога Патот на свилата бил на својот врв.

Опкружен со пустините Кизилкум и Каракум, единствениот град Кива некогаш претставуваше посебна станица на караванот на патот кон Иран, по кој се превезувало се од хартија, порцелан и зачини до робови, коњи и овошје.

Градбите на новата историја грижливо се вклопени во постоечката структура, создавајќи на тој начин исклучително складна урбана композиција.

Кива е опкружена со бедеми, а во внатрешноста на градот, познат како Ичан Кала, кој го штитат десет метарски високи ѕидови изградени од тули од кал, се наоѓаат сите поважни знаменитости.

За време на прошетката низ Ичан Кала невозможно е да не го забележите Ислам Хоџа медреса и минарето високо 45 метри, кои претставуваат највисока градба во Кива.

Сепак една од највпечатливите градби е минарето Калта Минор, прекриено со глазирани шарени керамички плочи, чија убавина ќе ве освои на прв поглед, веднаш штом ќе зачекорите низ Западната капија.

Ова минаре го изградил Мухамед Амин Кан, познат владетел, со цел од него да се набљудува градот Букару, сместен 400 километри југоисточно од Кива. Градбата почнала во 1851 година, но била прекината поради смртта на Кан во 1855 година, а потоа е завршен задржувајќи го постоечкиот облик, со 14 метри ширина и 26 метри висина.

Централна Азија со векови беше еден од светските центри на образование, а ниту Кива не е исклучок.  Абу Абдула Мухамед ибн Муса ел Хорезми, персиски научник роден околу 780 година се смета за основач на децималниот систем. Всушност зборот алгебра потекнува од неговиот алгебриски математички трактат, наречен „Хасиб ал Јабр вал муквабала“. Во негова чест е подигнат споменик во близина на капијата.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска