Друловиќ повика четворица младинци за дуелот со Шпанија

Од:

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Љубинко Друловиќ повика четворица младински репрезентативци за претстојниот квалификациски натпревар со Шпанија.

Суспензиите и повредите го натераа селекторот да повика дополнителни фудбалери, а тој реши тие да бидат дел од најдобрите поединци во У-21 кои што се истакнаа во победата над Украина со 1:0.

Повикани се Марјан Радески, Ѓорѓи Зајков, Енис Барди и Бобан Николов, кои ќе му се стават на располагање на Друловиќ за средбата со Шпанија, бидејќи тој не може да смета на суспендираните Абдурахими и Ристовски, како и повредените Адеми и Мојсов.

Натпреварот меѓу Македонија и Шпанија се игра на арената „Филип Втори“ во Скопје, во вторник од 20:45 часот.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска