Фудбалерите отпатуваа за Луксембург

Од:

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска отпатува за Луксембург каде утре го игра натпреварот од 7. коло од групата Ц од квалификациите за ЕУРО 2016.

Селекторот Љубинко Друловиќ од понеделникот одржа неколку трининзи, а повредите и отказите направија тој да повика нови играчи пред дуелите со Луксембург и Шпанија.

– Потребна е максимална концентрација на првиот дуел. Луксембург е селекција која напредува од година во година. Потребни се три бодови. За мене е поважен дуелот со Луксембург. Треба да се стави акцент на овој дуел и да се постигне победа и да се одигра добро за да имаме добра атмосфера за дуелот со Шпанија во Скопје на Денот на независноста, изјави Друловиќ пред поаѓањето за Луксембург.

На овој дуел Друловиќ нема да може да смета и на Ферхан Хасани, кој на последниот тренинг доби и повреда, но Хасани нема право на настап во Луксембург поради црвениот картон добиен на дуелот со Словачка. Според најавите од нашиот табор, Хасани ќе биде подготвен до вторник за натпреварот со Шпанија.

Натпреварот Луксембург – Македонија се игра утре со почеток во 18 часот, а нашите фудбалери ќе одржат и еден тренинг во Луксембург.

Од нашата група се играат и дуелите: Украина – Белорусија и Шпанија – Словачка.

Табела: Словачка 18 бодови, Шпанија 15, Украина 12, Белорусија 4, Македонија 3, Луксембург 1.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска