УНИЦЕФ: Мора да се заштитат децата бегалци

Од:

Извршниот директор на УНИЦЕФ, Ентони Лејк за децата-мигранти и бегалската криза во Европа, изјави дека последните фотографии кои го шокираа светот нема да бидат последните, доколку не се преземат мерки за заштита на децата.

Во писмена изјава, Лејк вели неопходна е заштита на децата-бегалци преку обезбедување основни работи во секое време – здравствена заштита, храна, емотивна поддршка и образование, и соодветно засолниште за мигрантите и бегалците, каде семејствата ќе останат заедно.

Потоа, потребно е распоредување на соодветен број обучени експерти за заштита на децата заради поддршка на децата и нивните семејства, продолжување со потрагите и спасувачките операции – не само на море, туку и на копно и вложување на сите напори за да се спречи злоупотребата и експлоатацијата на децата-мигранти и бегалци.

Во случаите на азил, Лејк препорачува децата треба да бидат на прво место.

– Додека продолжуваат дебатите за политиките, никогаш не смееме да ја изгубиме од вид длабоко човечката природа на оваа криза. На шокот мора да се одговори со реакција, вели Лејк, надополнувајќи дека маката на овие деца не е по нивни избор, ниту во нивна контрола и тие имаат потреба и право на заштита.

Лејк порача дека само ставање крај на конфликтите во местата од каде што доаѓаат бегалците, ќе донесе крај за страдањата на милиони луѓе.

Би можело да ве интересира

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

Децата се 70 отсто од жртвите на трговија со луѓе во Македонија

Катерина Ѓуровски

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

ВИДЕО: Погодено возило на УНИЦЕФ на влезот на Газа