Чоколаден колач со само две состојки

Од:

Чоколадо и јајца – комбинација која освојува …

Потребно е:
3 јајца
165 гр чоколадо

Подготовка:
– Одвоите ги белките од жолчките. Рерната загрејте ја на 170 целзиусови степени.

– Чоколадото исецкајте го на парчиња и растопете го на пареа да добиете хомогена смеса. Оставете го да се излади.

– Со електричен миксер изматете ги белките во цврст снег.

– Кога ќе се излади растопеното чоколадо додадете ги жолчките и полека измешајте додека не добиете хомогена смеса.

– Во чоколадната смеса додадете 1/3 од изматените белки и убаво измешајте. Потоа додадетего преостанатиот снег од белки и повторно измешајте.

– Во кружен калап за печење ставете хартија за печење и ставете го во загреана рерна да се пече од 30 до 40 минути.

– Печениот колач извадете го од рерна, оставете го да се излади, посипете го со шеќер во прав, исечете го на парчиња и послужете.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска