Њу Делхи, Џакарта, Москва и Каиро, градови со најлош имиџ меѓу туристите

Од:

Главните градови на Индија и Индонезија се најдоа при врвот на листатат на градови од кои туристите носат лоши спомени и не би сакале повторно да ги посетат. На „црната листа’’ што со анкета на 77.000 читатели ја направи угледниот  Конде травелер магазинот, се најдоа и Москва, како и египетската метропола Каиро. На изненадување на многумина, меѓу десетте најнепосакуваби градови од страна на туристите се најде и францускиот Кан, една од најмонденските и атрактивни дестинации на Азурната обала.

На светската листа на посакувани градови, најпозитивен однос на туристите добиле  Сиднеј, Австралија, Даблин од Ирска, Квинстаун од Нов Зеланд, полски Краков и Бриж од Белгија.

Објавувајќи ја листата на посакуваните и непсакуваните градови од светот, денешен Џакарта пост пренесува и еден коментар на анкетираните во кој се вели дека додека престојувал во Џакарта се чувствувал несигурно и небезбедно, а традиционалното и атрактивно локално јадење Наси паданг му била единствената утеха и малку му ја намалило траумата од престојот таму.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска