Македонија против Луксембург без Адеми, во нападот со Мирко Ивановски

Од:

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Љубинко Друловиќ на денешната прес-конефренција соопшти дека еден најдобрите играчи во овој квалификациски циклус, Аријан Адеми ќе ги пропушти натпреварите со Луксембург и Шпанија, истото се однесува и за Горан Силјановски, а прмена ќе има во нападот каде за почетниот состав е најавен Мирко Ивановски.

Македонија против Луксембург игра на 5 септември на гости, три дена подоцна во Скопје гостува Шпанија.

– Не очекува натпревар против противник кој последните години многу напредуваше. Ние имаме неколку кадровски проблеми. Адеми најверојатно нема да биде подготвен за двата натпревара. Тоа е голема штета за нас, бидејќи тој е многу важен играч. Повреден е и Силјановски кој првпат е во репрезентација и кој многу добро ги одработи подготовките. Се надевам дека брзо ќе се врати на терените. Очекувам другите да го дадат максимумот. Составот веќе го знам и само можам да кажам дека во шпицот ќе почнеме со Мирко Ивановски, рече македонскиот селектор.

Ивановски очекува Македонија со три бода да се врати од гостувањето во Луксембург.

– Со исклучок на повредените играчи подготовките добро течат. Наша цел се трите бода. Фудбалот е тимска игра. Не е важна само напаѓачката линија, туку целиот тим. Со залагање на сите играчи и исполнување на задачите дадени од селекторот можеме да постигнеме победа, рече Ивановски.

Македонската репрезентација утре наутро заминува за Луксембург. На дуелот во Скопје одигран на 9 октомври минатата година „црвено-жолтите“ победија со 3:2.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска