Одбранбениот фудбалер Владимир Димитровски денеска преку изјава до јавноста се извини за напуштањето на македонската репрезентација без да го извести стручниот штаб.
Тој ноќта меѓу вторникот и среда самоволно си замина од подготовките на македонскиот национален тим поради средување на документација за нов клупски ангажман.
– Ја прифаќам одлуката на селекорот Љубинко Друловиќ, прифаќам одговорност за мојата постапка. Погрешив и упатувам извинување до селекторот, стручниот штаб, играчите и спортската јавност. Во битен момент донесов погрешна одлука и жалам за мојата постапка. Се надевам дека во иднина, доколку заслужам и добијам повик од селекторот, ќе бидам дел од националниот тим, стои во пораката од Димитровски.
Димитровски од страна на стручниот штаб е даден на дисциплинска постапка.