Во август кривопаланечките пожарникари интервенирале 14 пати

Од:

Екипите на Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка изминатиот месец интервенирале на четиринаесет пожари на подрачјето на општина Крива Паланка и околината.

Од вкупно четиринаесет интервенции десет се со материјална штета поголема од 10.000 денари.

– Десет од пожарите кои се случија во август во нашата општина се со поголема материјална штета, додека четири се со штета пониска од 10.000 денари. Девет од нив, односно 65 отсто се пожари на отворен простор, а пет се на објекти. Од пожарите кои настанале на отворен простор, пак, кои се вкупно девет, во пет е случаи е опожарена листопадна шума, додека во четири пожари горела иглолисна шума, бор, информира Иле Коцевски, командир на Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка.

Коцевски појасни дека во сите пожaри на отворено интервенциитe се вршени заедно со екипи од подрачната единица на Јавното претпријатие „Македонски шуми“, Шумско стопанство „Осогово“ од Крива Паланка.

– Вкупната опожарена површина од пожарите во месец август годинава изнесува 15,8 хектари, од кои 7,9 хектари се шума, додека останатата површина е изгорена сува трева, додаде Коцевски.

Последниот пожар на подрачјето на општина Крива Паланка и околината се случил на 30 август кога изгореа 2,5 хектари багремова шума во месноста „Златина падина“ близу населеното место „Домачки Дол“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ангелов: Не палете оган на отворено, доволна е една искра за катастрофа

Горан Наумовски

Денес 10 пожари на отворен простор, засега пет се активни

ЦУК: Активни се четири пожари, а три се под контрола

Горан Наумовски

Шест активни пожари низ државата и три под контрола

A1on

Две лица од Битола и Прилеп се уапсени поради предизвикување пожари

Шест активни пожари во Македонија, еден под контрола