За два дена кај Дукаѓини уништени над 74 илјади стебла марихуана

Од:

Во изминатите два дена албанската полиција само во подрачјето на Дукаѓини, на северот на земјата, уништила 74.200 стебла марихуана.

– Акцијата беше спроведена во атарите на селата Каснец, Мегул, Џан, Пог, План, Гур, сите од административната единица Пулт. Во селтото Џан уапсено е едно лице осомничено за одгледување марихуана. Во текот на двата дена не беше регистриран ниту еден индицент, стои во полициското соопштение.

Во соопштеноието се наведува дека во акцијата биле вклучени 400 полицајци, припаднции на специјалната единица „ Ренеа“, како и онаа за брзо распоредување,60 возила и два хеликоптера.

– Акцијата „антиканабис“ ќе продолжи и понатаму со детална контрола на другите подрачја од околијата Скадар од страна на скадарската полиција и припадниците на единица за брза интервенција, – се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Уапсен полицаец од Албанија осомничен за низа кривични дела

Горан Наумовски

Северна Македонија ѝ го предаде на Албанија претседавањето со ПСЈИЕ

A1on

Албанското обвинителство бара 93 години затвор за шверцери на кокаин

Албанците од Косово, Македонија и Црна Гора нема да полагаат познавање на албанскиот јазик при добивање државјанство

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана