Во Мексико се наоѓа веројатно еден од најневообичаените хотели во светот, изработен од стари цевки за канализација.
„Тубо Хотел” се наоѓа на околу еден час возење од Мексико Сити, и целиот е направен од бетонски цевки за канализација, кои се наредени една врз друга.
Секоја соба има кревет, неколку полици и една светилка, и нуди совршен поглед на планината Tepoztlan, но нема тоалет.
„Идејата да се отвори овој хотел добив 2010. кога видов гигантна канализациска цевка на градилиштето во близина на селото. Мислев дека ќе биде кул да се направи вакво нешто“, вели сопственикот Роб Андерсон.