Од почетокот на играта на среќа „милион плус“ во Велика Британија досега има 3.000 добитници „милионери“ кои вкупно освоиле 8,5 милијарди фунти, или во просек по 2, 8 милиони фунри секој. Како последица на ова, се појавија 3.780 милионери меѓу нивните потомци, семејставата и пријателите, наведуваат во Оксфорд екомомикс, познатата консултантска компанија.
РАБОТА: Голем дел од добитниците , 59 проценти, во истиот момент дале отказ на работното место на кое биле кога ја освоиле премијата. Само 19 проценти останале на истото работно место, а 31 процент се ангажираат на волонтерска неплатена работа. Некои од добитниците почнале свој бизнис (15%), а дури 9 проценти од нив помогнале на други да почнат бизнис, 6 проценти инвестирале во туѓи фирми или ги откупиле. Во фирмите кои ги основале или во кои учествуваат добитниците на лотаријатам вработени се 3.195 луѓе.
ДОМУВАЊЕ: За 3, 3 милијарди фунти добитниците купиле вкупно 7.958 куќи или станови, а мнозинството од нив (82%) го промениле својот дом. Една третина од нив обавезно купувале џакузи, по што доаѓа посебна просторија за гардероба. 30 проценти од нив вработиле хигиеничарка, а 5 проценти пак и личен козметичар.
АВТОМОБИЛИ: Кај 16 насто добитници на лотото омилене е „ауди“, а популарни се и рендџ ровер и BMW, како и „мерцедес“ и „ленд ровер“.
Добитниците потрошиле 463 милиони фунти на 17.190 автомобили, што во просек е по 46.116 фунти.
ПАТУВАЊА: Поголем број од добитниците, 68 насто патувале надвор од Велика Британија во хотели со 5 ѕвезди. За 27 % омилена дестинација биле Соединетите Американски Држави, а веднаш потоа Кариби.