Три лица се уапсени во врска со смртта на 71 мигрант, откриени вчера во оставен камион на пат во Австрија, соопшти денеска австриската полиција.
Уапсени се Бугарин и Унгарец, кои управувале со камионот и уште едно лица со двојно државјанство, унгарско и либанско.
Во оставениот камион-ладилник во Австрија се пронајдени 71 тело – 59 мажи, осум жени и четири деца, вклучувајќи и двегодишно девојче, изјави портаролот на полицијата.
Најверојатно станува збор за имигранти од Сирија, бидејќи властите пронашле сириски патни исправи во камионот.