Русија ја предупредува ЕУ на последиците од поттикнување судири во светот

Од:

Официјална Москва ја советува Европската унија, која се соочува со голема мигрантска криза, да има предвид какви последици може да има врз Европа поттикнувањето на конфликти во други земји, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

– Навистина сме подготвени да оствариме целосна соработка со земјите, кои се погодени од оваа криза, особено кога станува збор за ЕУ во надминување на последиците и решавање на проблемот со илегалната миграција во Европа, рече Захарова.

– ЕУ се соочува со тешка мигрантска криза, имајќи предвид дека на нејзина територија од почетокот на годината влегле 340 илјади илегални мигранти, истакна Захарова и додаде дека Русија смета оти нејзините партнери во ЕУ не можат адекватно да реагираат на влошувањето на ситуацијата.

Таа додаде дека е очигледно дека постојат пропусти во миграциската политика на Унијата.

Портпаролот на руското МНР истакна дека Русија и претходно, кога избувнувале конфликтите на Блискиот иОток, предупредила на опасноста од нови конфликти.

Би можело да ве интересира

Украина и Молдавија официјално ги отворија пристапните преговори со ЕУ

Горан Наумовски

Писонеро: Македонија мора да го искористи моментумот кој постои за проширувањето со цел да продолжи решително на нејзиниот ЕУ пат

ЕУ ги отвори пристапните преговори со Украина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Напад на синагога и црква во Русија: Има мртви

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Москва ја опустоши невреме, се формираше торнадо: Најмалку две лица загинаа

Предраг Петровиќ

Повеќе од 52.000 украински војници поминале обука како дел од помошта на ЕУ за Украина