Програмер вработил жена да му удира шлаканица секогаш кога ќе отвори Фејсбук

Од:

Програмерот Манеш Сетхи поради минувањето премногу време на „Фејсбук“ се одлучил на радикален чекор, да вработи некој што ќе му удира шлаканица секојпат кога ќе се логира на оваа социјална мрежа.

Манеш Сетхи за таа цел вработил девојка, што ја плаќа по осум долари на час, да му удира шлаканица секогаш кога ќе се логира на „Фејсбук“.

„Фејсбук“ на Сетхи му одземал и по 30 часа неделно од работното време и претставувал еден вид на порок. Новата метода, која му одзема пари, ја унапредил неговата продуктивност од 38 на 98 проценти.

„Имам проблем со концентрацијата. Толку многу работи ми го одземаа вниманието од работата. Кога до мене има некој што ме контролира, секогаш ги завршувам задачите“, истакнува Сетхи.

Во огласот програмерот Сетхи барал некој што кога ќе го види дека губи време ќе вика по него и ако е потребно ќе му удри шлаканица.

Би можело да ве интересира

Спас од лажни вести преку новата апликација на GRID

Ана Ололовска

Не биди роб на социјалните медиуми, земи ја контролата во свои раце

Наум Локоски

Во Македонија дневно се произведуваат 6.000 вести. Како да дојдете до оние што вас ве интересираат?

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Мисовски: Никола зрело време е да си одиш!

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ангелов: Кога се појавија албански знамиња, Бранко не побегна во Америка како Никола

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Жерновски: Власта да падне за да се крене Македонија

Ана Ололовска