Во манастирот во Матка традиционално ќе се одбележи празникот Успение на Пресвета Богородица

Од:

По повод одбележувањето на православниот празник Успение на Пресвета Богородица кај народот познат како Голема Богородица, во истоимениот манастир во Матка, кај Скопје, утре ќе се одржи вечерна богослужба, Духовна академија и полноќно бдеење.

Четврта година по ред ден пред празникот во манастирот се одржува Духовна академија. Предвидено е црковно пеење и читање псалми.

На денот на празникот 28 август, во 9:00 часот во манастирот ќе се одржи Света Божествена Литургија со која ќе чиноначалствува поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г Стефан.

Одбележувањето ќе биде збогатено и со културно-забавна програма. Традиционално во дворот на манастирот на празникот по богослужбата се одржува крводарителска акција.

Би можело да ве интересира

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите

Во 2025 година пет продолжени викенди

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ