Во рамките на манифестацијата Топол културен бран од денеска до 27 август во општина Крива Паланка ќе се одржи традиционалниот Меѓународен фолклорен фестивал „Јоаким Осоговски“.
На фестивалот ќе учествуваат фолклорни ансамбли од Словачка, Романија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Република Србија; ансамбли од Дупница, Бугарија, од Измир и Спарта во Турција и ансамблите Карпош, 8-ми Октомври и Фолклористи од Крива Паланка, Република Македонија.