УНЕСКО: Уништувањата во Палмира се воено злосторство

Од:

Екстремисти од групата „Исламска држава“, со уништувањето на древен храм во сирискиот град Палмира, сторија воено злосторство, оцени денеска Генералната директорка на УНЕСКО Ирина Бокова.

– Уништувањето е ново воено злосторство и неповартна загуба за сирискиот народ и човештвото, наведува Бокова во соопштение, нагласувајќи дека сторителите мора да одговараат за своите постапки.

Џихадистите на ИД ја заземаа Палмира кон крајот на мај, по што се појавија информации дека го минирале градот, а во јули дека уништиле неколку древни споменици.

Според легендата, Палмира е основана од библискиот цар Соломон и е еден од најбогатите градови во доцната антика.

Урнатините, што се протегаат на три километри се на листата на објекти на светско културно наследство на УНЕСКО.

Бокова во петокот предупреди дека екстремистите на ИД во Сирија и Ирак учествуваат во најбрутално, систематско уништување на древни локалитети, што не е забележано од Втората светска војна.

Неколку часа претходно џихадисти на ИД целосно уништија манастир во централната сириска провинција Хомс, стар 1.500 години.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

Зголемен ризик за загадување, прекумерен риболов и урбанизација на Охридскиот регион и езерото

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение