Најмалку петмина имигранти загинаа во два инциденти во Егејско Море

Од:

Екипи на грчката и турската крајбрежна стража денеска открија тела на петмина имигранти, откако два чамци, во кои патувале бегалци, се превртеле во два одделни инциденти во близина на грчки остров и во близина на турското крајбрежје.

Грчката крајбрежна стража откри тела на две лица, спаси шестмина и трага по уште петмина имигранти, исчезнати во близина на островот Лесбос. Гумениот чамец со кој патувале имигрантите од Турција за Грција се превртел изутринава во близина на грчкиот остров Лесбос.

Агенцијата Анадолија јави дека турската крајбрежна стража открила три тела и спасила 73. сириски бегалци, откако рибарски брод, со кој патувале до островот Лесбос, се превртел во близина на турскиот град Чанаккале.

Грчката крајбрежна стража, претходно соопшти, дека спасила 877 лица во 30 операции за помош на имигранти од петокот до денеска крај бреговите на островите Лесбос, Хиос, Самос и Кос.

Би можело да ве интересира

Големи пожари избувнаа низ Грција, пристигнуваат хеликоптери за да им помогнат на пожарникарите

Горан Наумовски

Маринакис: Постои само едно толкување на ерга омнес

Катерина Ѓуровски

Грчки медиуми: Владата на Мицкоски доби доверба од Собранието – положи заклетва под уставното име

Мицкоски трипати ја нарече неговата земја „Македонија“ пишуваат грчките медиуми

Извлечени уште 14 тела по бродоломот на мигрантскиот брод кај Калабрија

Пеколен одмор во Грција: Се повеќе мртви туристи, температура над 45 степени

Предраг Петровиќ