Обид за кражба во црквата Св. Преподобна маченичка Света Петка римска во Дебар

Од:

Обид за кражба е регистиран во црквата Света Преподобна маченичка Света Петка римска во Дебар.

– Ноќта меѓу 22 и 23 август, непознати лица со тврд предмет ги оштетиле двата катанци од влезната врата на црквата која се наоѓа улица „Павле Чиковски“. Сторителот или сторителите влегле внатре но за среќа не земале ништо, изјави портпаролот на Секторот за внатрешни работи, Стефан Димоски .

Црквата се наоѓа на така наречената Велигденска ливада, во стариот горен дел на градот, каде што до пред околу една деценија се одржуваше познатото велигденско оро, кое имаше своја долга традиција и посебна специфика.

Според дебарскиот намесник Благоја Спироски црквичката е една од најстарите божји храмови во дебарско кичевската епархија. Тој смета дека непоканетите гости најверојатно ги изненадило нешто зашто не земале ни пари ни од вредните икони.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кражба на бакар од електро влечната потстаница Драчево, предизвикана е штета од 5 милиони евра

А1он

Крадци украдоа сеф со 200.000 евра од менувачница

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски

Лавров: ОН треба да реагира на прогонот на Украинската православна црква

(ВИДЕО) Експлозија уништи црква во Њујорк, има многу повредени

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски