ЦУК: Предложени мерки за прифатен пункт за мигрантите

Од:

Главниот штаб за управување со кризи на денешниот состанок донел предлог – мерки кои треба да се преземат, пред се во делот на обезбедување на основните предуслови за оспособување на локацијата која е предвидена да биде прифатен пункт за мигрантите.

Тема на третата седница на Главниот штаб за управување со кризи, како што соопшти Центарот за управување со кризи била кризната состојба во делот на јужната и северната граница на земјава.

– На состанокот освен што беше разгледан текот на досегашните активности на институциите кои се дел од Системот за управување со кризи, беа донесени и предлог мерки кои треба да се преземат во наредниот период, пред се во делот на обезбедување на основните предуслови (вода, електроснабдување, инфраструктура и здравствена заштита) за оспособување на локацијата која е предвидена да биде прифатен пункт за мигрантите, се наведува во соопштението од ЦУК.

По завршувањето на состанокот, директорката на ЦУК, Сузана Салиу се упати кон јужната граница на земјата за да направи увид на активностите кои се спроведуваат на терен, согласно „Акциониот план за превенција и справување со зголемен транзит на мигранти низ територијата на Република Македонија“, донесен од страна на Главниот Штаб при ЦУК.

Салиу ќе оствари и средба со градоначалникот на општина Гевгелија Иван Франгов.

Би можело да ве интересира

Мигрантите исчезнаа од јужната граница

Европскиот суд на правдата ја казни Унгарија, Орбан ја нарече пресудата срамна

A1on

Речиси 5.000 мигранти загинаа на пат кон Канарските острови за пет месеци

Пронајдени тела на четворица мигранти, спасени 52 лица во близина на брегот на Тунис

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се