За поголема безбедност во езерото педалинките да не се изнајмуваат на малолетници

Од:

Педалинките да не влегуваат во обележаниот простор за капачи во езерото и да не се изнајмуваат на малолетници за да не дојде до несакани последици, апелира Општинската организација на Црвениот крст – Струга.

Претседателката на ОО Црвен Крст, Адуриме Даути информира дека спасителите на „машка плажа“ во Струга се соочувале со проблеми со малолетници на педалинки.

– Спасителите на Црвениот крст се соочуваат со проблеми на т.н. машка плажа со користењето на педалинките. Имавме три поголеми случаи на спасување малолетници од педалинки на струшкото крајбрежје, кои за среќа успеавме да ги рехабилитираме и сместени беа во Општата Болница за натамошна помош, изјави Даути.

Според правилникот, појасни таа, спасителот има обврска да го покрие обележаното капалиште.

–  Доколку се плови далеку спасителот неможе да има сознание што се случува таму. Овие случаи беа надвор од капалиште, но за среќа успевме да ги вратиме во живот, рече Даути.

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство