А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Курц: Ситуацијата со мигрантите драматична, ЕУ мора да и помогне на Македонија

by А1он24/08/2015 - 13:1325/08/2015 - 11:35226
Share0

Ситуацијата во Македонија е драматична, земјата е оставена сама да се справува со големиот број мигранти и затоа ЕУ мора да помогне, изјави шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц кој денеска заедно со македонскиот министер за надворешни работи Митко Чавков го посети прифатниот камп за мигранти во Гевгелија.

Добивај вести на вибер

kurccavkov

– Неопходен е заеднички пристап и не смее понатаму да се дозволи во Македонија да влегуваат нерегистрирани мигранти од Грција. Европската унија конечно мора да погледне и на бегалската рута низ Македонија, а не само на таа во Италија. Долгорочно решение на проблемот е можно само ако се договорат кризните држави. Во секој случај, Австрија ќе помогне и ќе соработува со македонската Влада, рече Курц.

kurccavkov1

Министерот Чавков посочи дека само во саботата во Гевгелија се создаде наплив од 8.000 бегалци што претставува една третина од населението на градот.

– Со околу 800 припадници на полициските сили и помошта од АРМ успешно се справивме со нив, но ескалацијата од ден на ден е се поголема поради неконтролираниот влез на мигрантите од грчка страна. Наша примарна цел е хуманиот однос и третман кон мигрантите и нивна заштита во трансферот низ Македонија. Од безбедносен аспект успеавме да ги заштитиме од организирани групи и криминални мрежи кои ги прифаќаа и нелегално ги превезуваа до Србија, рече Чавков.

migrantigevgelija1

Наша проценка, истакна макеоднскиот министер за внатрешни работи, е дека ескалацијата ќе продолжи и оти е нелогично што проблемот ни доаѓа од земја-членка на ЕУ со која немаме никакви контакти во тој дел, поради што очекува конкретна помош од Европската унија.

Тој информира дека наскоро во Македонија за изнаоѓање заеднички решенија околу бегалската криза ќе се состанат министрите за внатрешни работи на Австрија, Унгарија, Србија и Македонија.

migrantigevgelija12

Курц и Чавков во прифатниот камп во близина на границата со Грција, за моментната состојба разговараа со мигрантите и претставниците на УНХЦР и невладините организации кои се вклучени во активности за олеснување на бегалската криза.

При посетата во Гевгелија, двајцата министри направија обиколки на транспортниот центар и граничната линија со Грција како места на кои се собираат бегалците.

migranti

Би можело да ве интересира

Турски државјанин шверцуваше мигранти со возило

Горан Наумовски03/03/2026 - 10:07

Шест мигранти затекнати во автомобил, возачот заврши во полициска станица

Горан Наумовски24/02/2026 - 09:2724/02/2026 - 09:42

Србин фатен со мигранти на автопатот кај Гевгелија

Горан Наумовски23/02/2026 - 11:14

ВИДЕО: Трагедија во Грција: 15 мигранти загинаа во судар на чамец и патролен брод

Катерина Ѓуровски04/02/2026 - 09:15

Левица: ДПМНЕ со увоз на евтина работна сила ја блокира борбата за повисока минимална плата

Предраг Петровиќ18/01/2026 - 14:4718/01/2026 - 14:49

Седум големи магацини во САД ќе се таканаречени центри за подготовка за депортација на 80.000 мигранти

Горан Наумовски25/12/2025 - 14:4425/12/2025 - 14:44
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто