Поповска: Предлогот на Груевски е трик за да се дефокусира дебатата за една изборна единица

Од:

Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска смета дека предлогот на премиерот Никола Груевски за мнозински изборен модел со кој победничката партија би добивала дополнителни 17 пратеници е преговарачки трик за да се дефокусира сериозната дебата која почна да се води околу една изборна единица.

-Индиректно со тоа се покажува дека не сакаат да дискутираат за една ваква тема, и сакаат да се дефокусира тоа што СДСМ профати модел со една изборна единица, а зад таквиот предлог застанаа и речиси сите граѓански организации.

Идејата сака да се исмее и со тоа што колегите од време на време спомнуваат дека може да има една изборна единица но со десет проценти изборен праг како во Турција. Се даваат идеи само за да се исмее предлогот, се покажува игнорирање на потребите за кои се залагаат граѓаните.

Самиот мнозински изборен систем е проблематичен, тој не случајно го напуштивме затоа што е најнеправичен изборен модел, каде еден добива се а другите губат, ги стимулира еднопартизмот и моќниците со пари.

Би можело да ве интересира

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави