Јужнокорејската претседателка Парк Геун Хје изјави денеска дека Сеул нема да го прекине емитувањето на пропагандните пораки на границата на Јужна и Северна Кореја, доколку Северна Кореја јасно не се извини за серијата провокации кон Сеул.
– Северна Кореја треба да упати јасно извинување и да гарантира дека нема да има натамошни провокации, рече Парк, префрлувајќи ја вината на Пјонгјанг за предизвикување на моменталната воена криза со неговите „провокативни активности“.
Нејзиниот повик кон Пјонгјанг доаѓа во момент кога двете Кореи ги стопираа разговорите на високо ниво за ставање крај на воените закани. Разговорите почнаа во саботата со цел ставање крај на „тензичното одмерување“ долж границата на двете земји.