Фајман ќе го охрабри Балканот за натамошно спроведување на реформите

Од:

Австрискиот канцелар Венер Фајман планира како домаќин на Самитот за Западен Балкан, земјите од регионот да ги охрабри за натамошно спроведување на реформите, нагласувајќи дека денеска е соопштено признание на нивните досегашни напори.

Тој, по повод средбата, која се одржува на 27 август во Виена, како продолжение на Берлинскиот процес, кој минатата година го иницираше германската канцеларка Ангела Меркел, најави дека на конференцијата ќе се заложи за борба против невработеноста на младите.

– Европската перспектива за Западен Балкан е од големо значење, нагласи Фајман.

Тој истакна дека земјите од Западен Балкан веќе презеле значителни напори, но дека остануваат уште реформи, пред се во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата.

Во Виена ќе допатува и германската канцеларка Ангела Меркел, а од страна на ЕУ ќе бидат присутни високата претставничка за надворешна политика Федерика Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан.

Би можело да ве интересира

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

A1on