Саудиски генерал беше убиен во престрелка од соседен Јемен.
Генералот Абдулрахман бин Саад Шахрани, кој командуваше со 18. бригада на саудиските вооружени сили, бил на посета на војниците покрај границата.
Воениот пункт бил подложен на оган од страна на шиитските бунтовници Хути во Јемен. Шахрани бил ранет и починал подоцна во болница.
Тоа е највисоко рангираниот саудиски воен претставник убиен во трансграничен напад од Јемен, откако неговата земја ја предводи сунитската коалиција, која почна на 26 март со военовоздушна кампања против Хутите.
Над 50 лица, претежно воени, но и цивили се убиени на границата меѓу Јемен и Саудиска Арабија од крајот на март.