Лидерот на прокурдската Демократска партија на народите (ХДП) Селахатин Демирташ ги повика бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК) безусловно да го остават оружјето, предупредувајќи дека земјата зафатена од ескалација на насилство се соочува со ризик од „граѓанска војна“.
– Не може да има „ниту но, ниту ако”, истакна Демирташ и изјави дека ПКК треба да остави оружјето и да прекине со бомбашките напади во градовите и во планините. Тој ова го изјави синоќа пред новинарите во Измир.
– За нас нема друг можен излез, истакна Демирташ, велејќи дека Турција се соочува со реален и сериозен ризик од граѓанска војна.
– Треба смртоносните насилство да прекинат веднаш, истакна прокурдскиот водач. Истовремено прокурдскиот лидер повика наа запирање на операциите на армијата против курдските бунтовници, објави „Хуриет дејли њуз”, пренесува БТА.
Турската Влада ја обвинува ХДП дека е политичко крило на ПКК, кшто Демирташ категорично демантира.
Анкара на 24 јули почна „војна против тероризмот”, насочена истовремено против ПКК и против борците од групата „Исламска држава” во Сирија. Но последните десетици воздушни напади беа фокусирани главно против базите на курдските бунтовници.
Бунтовниците од ПКК од своја страна го прекинаа примирјето со Анкара, кое беше во сила од 2013 година. При напади на ПКК од крајот на јули наваму загинаа над педесет претставници на турските сили за безбедност. Според податоците на турската армија во операциите против ПКК беа убиени над 800 курдски бунтовници.