Турција изврши нови воздушни напади врз позиции на ПКК во Северен Ирак

Од:

Турската армија соопшти дека турски воени авиони извршиле нови воздушни напади врз цели на Курдската работничка партија (ПКК) во Северен Ирак, при што се убиени 29 курдски бунтовници.

Во соопштението на турската армија, објавено денеска, се наведува дека воздушните напади врз цели на ПКК биле извршени во четврток и петок.

Исто така, најмалку 12 курдски бунтовници се убиени вчера при судир со турските сили за безбедност во близина на границата со градот Улудере, во округот Шрнак во близина на границата со Ирак.

Турски војник синоќа загина во напад на бунтовници од ПКК врз полициска станица во регионот на Бејтјушебап во округот Сирнак, југоисточна Турција, објави „Хуриет дејли њуз”.

Турските сили за безбедност веднаш одговорија на нападот, при што беа повредени тројца војници, по што едниот од нив подоцна почина во болница. Турската армија презеде голема операција во регионот за фаќање на напаѓачите.

Анкара на 24 јули започна воена операција против тероризмот, насочена истовремено против ПКК и борци од групата Исламска држава во Сирија.

Би можело да ве интересира

Шведска го екстрадираше во Турција Махмут Тат, осуден за членство на ПКК

Блинкен: За смртта на турските заложници во Ирак се одговорни „терористите на ПКК“

Жарко Настоски

Во Турција уапсени 418 лица поради поврзаност со ПКК

Ана Ололовска

Четворица загинати во судири меѓу турската армија и борци на ПКК

Ана Ололовска

Германија забрани две групи поради сомнеж за врски со ПКК

Ана Ололовска

Силите на сириските Курди се огранок на ПКК, изјави претставник на САД

Наум Локоски