Македонскиот атлетичар Ристе Пандев успеа да ја мине елиминациската фаза во трките на 100 метри на Светското првенство во атлетика што се одржува во Пекинг. Тој во рамки на претпладневната програма го освои третото место во својата група и со тоа обезбеди пласман во квалификациите што ќе се трчаат попладнево.
Пандев имаше време од 10.94 секунди, додека победникот од неговата група Ал-Харти од Оман имаше најдобар резултат од 10.31 секунди. Со пласманот во попладневните трки Пандев се најде во групата на 64 натпреварувачи.
Најдобар резултат на нашиот атлетичар е 10.61 секунди поставен пред две години во Правец.