Педро: Дојдов заради Мурињо и Цеск

Од:

Педро Родригез го избрал Челзи пред Манчестер Јунајтед заради Жозе Мурињо и Цеск Фабрегас.

Тој со недели преговараше со Јунајтед, а во четвртокот изненадувачки потпиша со лондонските „Сини“ за 30 милиони евра.

-Мурињо е една од главните причини заради која дојдов овде. Ми се јави неколку пати и ми рече дека сум му потребен за да има посилен тим. Освојуваше трофеи насекаде каде што работеше, па се надевам дека овде заедно ќе освојуваме трофеи, изјави шпанскиот напаѓач.

Покрај менаџерот друга причина бил и Цеск Фабрегас со кого се големи пријатели и заедно играа во Шпанија и Барселона.

-Со Цеск сме многу добри пријатели, знам дека заради тоа ќе се чувствувам како дома и затоа го избрав Челзи. Тој е сјаен играч има страшна визија одлична врска со напаѓачите едвај чекам да заиграме заедно. Сум играл и со Диего и Цезар така што знам дека овде ќе ми биде многу пријатно.

Челзи во недела му гостува на ВБА, а тоа ќе биде убава шанса за деби на Педро.

 

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска