Хуманитарна помош од ИВЗ за поплавените подрачја во тетовско

Од:

Хуманитарна помош од 200 пакети и околу два милиони денари добија четири џамии во Мала и Голема Речица од Исламската верска заедница како помош за погодените лица од поплавите што на трети септември го зафатија тетовско.

Според поглаварот на ИВЗ, Реис-Ул-Улема ефенди Сулејман Реџепи, станува збор за дел од помошта што во изминатите две недели по молитвите во петок е собрана од верниците.

– Собрани се вкупно 14 тони храна, хигиенски средства и друг материјал, а собраните пари се делат на мутвелиите на џамиите и имамите кои потоа имаа направено списоци на лица што треба да добијат хуманитарна помош. Вкупната вредност на собраните и материјални средства и пари изнесува помеѓу 80 илјади и 90 илјади евра. На овој начин сакаме да ја искажеме солидарноста со оние кои претрпеа штети од поплавите и истовремено упатуваме молитва до Алах овие случувања да не се повторат никаде на територијата на Македонија изјави поглаварот на ИВЗ при денешната посета на Горна џамија во Мала Речица.

На примопредавањето на помошта присуствуваа и тетовскиот и гостиварски муфтија Ќани Несими и Шаќир Фетаи, како и претседателот на хуманитарната организација Ел Хилал, Мустафа Даути.

Би можело да ве интересира

Министерството за финасии дало дозвола за вработувања во тетовската болница

Наставничка на час истепа ученик во Тетово

Работат со договор на дело по 10 години, сега немаат плата два месеци – протест во тетовската болница

Оружен инцидент во Тетово: Напаѓачи пукале во семејна куќа, нема повредени

Насилник го нападнал новинарот Неврим Адеми

Меџити: Градиме патишта за нашиот народ, Коридорот 8 е повеќе од пат