Друловиќ го соопшти списокот за дуелите со Луксембург и Шпанија

Од:

Селектор на македонската фудбалска репрезентација Љубинко Друловиќ го соопшти списокот на играчи за престојните два квалификациски натпревари против Луксембург и Шпанија за пласман на ЕП 2016 година.

Како ретко кога претходно за официјални натпревари, повикани се шест играчи од македонското тројца од Работнички, двајца од Вардар и Ферхан Хасани од Шкендија.

За прв пат во македонска репрезентација, по одличните игри на европската сцена ова лето добија Горан Силјановски и Милован Петровиќ од Работнички, а деби повик доби и Стефан Ашковски од српски Нови Пазар.

Собирот на репрезентативците е закажан за 31. август, а натпреварот со Луксембург е на 5. септември,. Шпанија ја пречекуваме на 8. септември на арената „Филип Втори“.

СПИСОКОТ ЗА КВАЛИФИКАЦИСКИ ДУЕЛИ СО ЛУКСЕМБУРГ И СО ШПАНИЈА

ГОЛМАНИ
Томе Пачовски (Вардар)
Столе Димитриевски (Гранада, Шпанија)

ОДБРАНА
Даниел Мојсов (Адана, Турција)
Ванче Шиков (Австрија В., Австрија)
Кире Ристевски (Работнички)
Владимир Димитровски (Керкира, Грција)
Стефан Ристовски (Ријека, Хрватска)
Горан Силјановски (Работнички)
Стефан Ашковски (Нови Пазар, Србија)
Леонард Жута (Хакен, Шведска)
Езгијан Алијоски (Шафхаузен, Швајцарија)

СРЕДЕН РЕД
Аријан Адеми (Динамо З., Хрватска)
Милован Петровиќ (Работнички)
Никола Глигоров (Вардар)
Ферхан Хасани (Шкендија)
Александар Трајковски (Палермо, Италија)
Муарем Муарем (Ескишехиспор, Турција)
Агим Ибраими (Марибор, Словенија)

НАПАД
Мирко Ивановски (Видеотон, Унгарија)
Јован Костовски (Леувен, Белгија)
Бесарт Абдурахими (Локерен, Белгија).

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска