На фотографиите, кои во електронските медиуми се појавија минатата сабота може да се види како за време на летот ПН6233 од Ченгчо до Нантонг во Кина дете врши голема нужда среде ходник во авион.
За среќа на останатите патници, кои биле видно разгневени, инцидентот се случил непосредно пред слетувањето на авионот.
Меѓутоа ситуацијата била многу полоша на летот ЗН9709 од Нанџинг во Гуангџоу. И покрај тоа што двете кабини биле слободни, двајцата родители му дозволиле на своето дете да изврши голема нужда среде ходникот на авионот со изговор дека тоалетите на авионот се премногу тесни.
Овој пат инцидентот се случил пред полетувањето на авионот.