Три лица се убиени, а четири ранети во пукање кое се случило околу два часот по американско време во трговски центар на периферијата во Милвоки.
Полицијата го идентификуваше напаѓачот како Редклиф Хатон (45) кој е во бегство, пренесуваат американските медиуми.
Иако првите информации беа дека од повредените никој не е во животна опасност, шефот на полицијата Данијел Таскхаус, на пресот за новинарите изјавил дека има жртви и дека на полицијата и е отежнато влегувањето во зградата поради експлозивната направа која ја оставил напаѓачот.
До пукањето дошло во местото Брукфилд во еден салон за убавина, и засега не се поврзува со терористички напад, туку се смета дека во прашање е насилство порди нерасчистен долг или пак семејни проблеми.