Дамјан Стојановски уште една година во дресот на МЗТ Скопје Аеродром

Од:

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Дамјан Стојановски и во следната сезона ќе го носи дресот на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром.

Подолго време двете страни преговараа околу продолжување на соработката.

– Македонскиот репрезентативец Дамјан Стојановски потпиша нов договор со тимот на МЗТ Скопје Аеродром, кој ќе важи во натпреварувачката сезона 2015/2016. Поради здобиената повреда во текот на минатата сезона, Дамјан Стојановски одигра само девет натпревари во дресот на македонскиот шампион.

Во петте настапи од АБА лигата тој имаше просек од 11 поени 2 скока и 1.6 асистенции, додека во домашниот кошаркарски шампионат на четири дуели оствари просечен учинок од 10.8 поени, 3.5 скока и 3.3 асистенции. По завршувањето на неговите обврски со националниот тим ќе се приклучи на подготовките на МЗТ Скопје, се вели во соопштението од клубот.

Претходно македонскиот шампион ја продолжи соработката репрезентативецот Марко Симоновски.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он