Отаменди официјално во Манчестер Сити

Од:

Аргентинецот Николас Отаменди и официјално е нов фудбалер на Манчестер Сити откако денеска го потпиша договорот со клубот. Тој во следните пет години ќе го носи дресот на „граѓаните“.

– Ќе дадам се од себе и на секој натпревар ќе се трудам, посакувам Манчестер Сити да биде во врвот. Сакам да освојувам титули, а тоа е најважно. Клубот изгледа прекрасно, изјави Отаменди.

Аргентинецот е трето засилување овој преоден рок за Манчестер Сити откако претходно нови играчи станаа Рахим Стерлинг и Фабијан Делф. За оваа „тројка“ Манчестер Сити издови повеќе од 100 милиони евра.

– Отаменди ланската сезона беше најдобар играч во Примера. Тој е репрезентативец на една од најдобрите светски селекции. Има и квалитети да биде успешен во Премиер лигата, изјави менаџерот на Манчестер Сити Мануел Пелегрини.

Отаменди (27) досега настапуваше во Валенсија, која како обештетување доби 45 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска