Археолозите пронашле докази за масакр од каменото време

Од:

Научниците тврдат дека нашле ретки докази за праисториски масакр во Европа откако ископале 7.000 години стара масовна гробница со остатоци од некои од првите земјоделци на Стариот континент на кои се видливи ужасни рани.

Археолозите кои проучувале коски на 26 мажи, жени и деца погребани на локалитет од камено време Шонек-Килианштатен во близина на Франкфурт велат дека нашле отисоци на удари со тапи предмети во глава, рани од стрели и намерно скршени потколеници кај некои жртви, за да ги спречат да побегнат или да пренесат лоша порака на преживеаните.

– Тоа било мачење или сакатење. Не можеме со сигурност да кажеме дали жртвите биле живи – рече Кристијан Мејер, еден од авторите на студијата објавена во весникот Proceedings of the National Academy of Sciences.

Мејер вели дека нивните откритија даваат на значење на теориите кои се појавиле кога неодамна се најдени уште две гробни места во Германија и Австрија. На сите три локалитети, жртвите и чинителите доаѓале од култура на линеарна керамика ЛБК, кои ја сочинувале фармери кои во централна Европа стигнале во 5.500 година пред новата ера. Културата е наречена по линеарните ленти со кои ја украсувале својата керамика.

Интересно е и дека сите три наоѓалишта потекнуваат од крајот на 600 годишното присуство на ЛБК што сугерира на тоа дека припадниците на оваа култура, која се развивала во денешна Унгарија и долж Дунав, се свртеле едни против други.

– Се работи за наоѓање на шаблон. Една масовна гробница е спектакуларна но тоа е само една гробница. Но, неколку наоѓалишта од истиот период, тогаш шаблонот се појавува – рече Мејер.

Во написот авторите наведуваат дека новите докази заедно со претходните резултати укажуваат дека масакрите на цели заедници не биле изолирани инциденти, туку чести појави во последните фази на ЛБК.

Крис Скари, археолог од Универзитетот Дарам, кој не учествувал во студијата смета дека заклучоците на археолозите се добро поддржани со докази.

– Она што е многу интересно е нивото на насилствата. Не само уништувањето на ривалната заедница, ако тоа било случај, туку систематско кршење на нозе – рече тој за АП. – Тоа укажува на техника на заплашување која била дел од ова насилство внатре во заедницата.

Мејер, антрополог од универзитетот Манц вели дека никој не може со сигурност да каже што предизвикало масакр но дека врз основ на тоа што се знае за ЛБК културата, можно е да се шпекулира. На пример, подрачјето на ЛБК се поклопило со климатските промени.

– Популацијата на ЛБК се проширила значајно а тоа ја зголемило и можноста за судири – рече Мејер.

Исто така, ЛБК се бавеле со земјоделие и тие биле трајно населени. За разлика од ловците кои можеле да се преселат и така да избегнат конфликт, овие луѓе не можеле да побегнат. Додајте го тоа на фактот дека веројатно постоел период на суша која ги исцрпила сите резерви и ете судири.

Мејер вели и дека теоријата на судирите на двете различни групи внатре во ЛБК поддржува и постоење на древна граница во близина на наоѓалиштето Шонек-Килианштатен. Археолозите пронашле дека со кремен и точило се тргувало од оваа страна на ѕидот, но не и преку него, што значи дека двете групи не биле родбински поврзани.

Напаѓачите поштедиле некои членови на групата, а најчесто жртви биле децата, возрасните мажи и постарите жени.

– Најверојатно дека младите жени, кои ги нема во гробницата биле киднапирани – рече Мејер. 

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска