Популарниот Lonely Planet неодамна објави „ултимативен водич“, кој наскоро би требал да се појави во печатено издание, а нивната мисија била едноставна – да се претстават местата кои мора да ги посетите.
Нивните експерти одбраа повеќе неодминливи локации и потоа дадоа одговор на прашањето, кое е најневеројатното место во светот.
На прво место се најдоа храмовите Ангкор, а потоа следеа австралискиот Голем корален гребен, Мачу Пикчу, Кинескиот ѕид, Таџ Махал, Големиот Кањон, Колосеумот, водопадите Игуаза, Аламбра во Шпанија и Аја Софија во Турција.