Ангеловски: Ќе направиме се за победа

Од:

Македонскиот претставник во Лига Европа, Работнички утре го игра првиот натпревар од баражот на ова натпреварување против руската екипа Рубин. По трите успешно минати кола, за екипата на Работнички следува најголемиот предизвик, бидејќи доколку успешно се мине оваа пречка следуваат натпреварите во групите од Лига Европа.

На денешната прес-конференција во пресрет на дуелот тренерот на Работнички Игор Ангеловски изјави дека натпреварот е важен за Македонија, бидејќи многу малку наши клубови играат во оваа фаза.

– Ние не планираме да бидеме само учесници. Ќе одиграме максимално и најдобро како би можеле да стигнеме до позитивен резултат. Го знаеме Рубин, тие се фаворити, но ние ќе направиме се да победиме, рече Ангеловски.

Капитенот Блаже Илиојски поради жолтите картони нема право на настап на утрешниот дуел.

– Подготвени сме за предизвикот. Покажавме дека можеме да играме и се надевам на поволен резултат. Немаме притисок, а уживаме во моментот и тоа за нас е дополнителна мотивација, изјави Илијоски, кој за реваншот вети и гол во мрежата на Рубин.

Утрешниот натпревар се игра на Националната Арена „Филип Втори“ со почеток  во 20 часот.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска