Обединети за Македонија: Германската оценка покажа дека никој не сака да соработува со насилници и манипулатори

Од:

Се поочигледно е дека домшната реалност се рефлектира и на меѓународна сцена. Бомбите кога пукаат во дворот, се слушаат и подалеку. И најблиските и добронамерни пријатели на Македонија, сакаат искрен и чесен пристап во работите. Никој не сака да соработува со „насилници“ и манипулатори, велат од „Обединети за Македонија“ откако германското МНР ја спушти оценката за билатерални односи со Македонија на задоволително ниво.

Оваа оценка за македонско-германските односи, според ОМ, зборува многу за реалноста во која моментално се наоѓа државата.

„Германија не единствениот аларм кој се вклучува. Не можеме да бидеме задоволни кога сите во регионот не поминаа. Билатералата на Македонија веќе не покажува позитивен фидбек. Македонското МНР не ни е некоја јака страна за да поправи нешто во позитивен правец. Се поочигледно е дека Груевски не е така моќен надвор, како што е дома. Особено треба да се земе в предвид и фактот дека во македонското МНР се се сведува на чисти преписки, импровизации и непрофесионализам.

Слепото слушање на наредбите кои доаѓаат директно од кабинетот на Груевски, само укажува на страв и незнаење“, порачуваат од партијата.

Од таму додаваат дека треба да се промени курсот на оваа политика, но и Владата која, велат ја држи земјата во заточеништво поради фамилијарен интерес.

„Популизмот, сплотен со скапо платени реклами и уште поскапо платените провладини новинари, не можат ништо да поправат на планот на се послабиот меѓународен рејтинг на државата. Особено кога се парадира со провидни роуд-шоуа и непроверен внес на несоодветни и сомнителни странски инвестиции во земјава, колку само да се каже дека нешто се сработило на скапите луксузни патувања по странство“, посочуваат од ОМ.

Би можело да ве интересира

ОМ: Министерство за политички систем и етнички национализам

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Ова е вековен сон на целиот македонски народ

Катерина Ѓуровски

ОМ: Народот не ве плаќа за циркус, однесувајте се цивилизирано во Собранието

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Една држава – едни униформи

Ана Ололовска

ОММ стана придружен член на Европските млади конзервативци

Ана Ололовска

ОМ против најавената промена на називот на улицата „Борис Сарафов“ во „4 Јули“

Ана Ололовска