Авионска дезинсекција утре на подрачјата зафатени со поплавите

Од:

Авионска дезинсекција ќе биде спроведена утре изутрина од 5 до 8 часот на подрачјата на девет центри за јавно здравје и тоа во Куманово, Тетово, Битола, Прилеп, Охрид, Кочани, Струмица, Штип, Велес, со посебен акцент на оние кои беа зафатени со поплавите.

За таа цел,  соопшти Министерството за здравство, потребно е лицата кои чуваат пчели навремено да ги преземат потребните мерки за нивна заштита и да не ги пуштаат надвор во наредните 3 – 4 часа по прскањето.

Инаку, согласно Акцискиот план за спречување појава и ширење на вектор преносливи болести (со посебен акцент на комарци и крлежи), секоја година, почнувајќи од март до септември се преземаат активности за дезинсекција на јавни површини и сите општини континуирано спроведуваат дезинсекција на своите подрачја, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава

ЦУК алармира: Дождовите предизвикаа сериозни проблеми низ земјава

Горан Наумовски

ЦУК: Поплавени се земјоделско земјиште, дворови, куќи, помошни објекти и магацини за складирање на јаболка во Ресен

Поплави во Албанија, загина комунален работник

А1он

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар