Фарски острови- еден од најубавите бисери на Атланскиот Океан

Од:

Воодушевен од убавината на Фарските острови, од оваа прекрасна туристичка дестинација, фотографот Конор Мекнил направи фотографии кои Ве остават без здив.

Faroe Islands1

Доколку спаѓате во оние луѓе кои природата, мирот и тишината ги ценат многу повеќе од градските турканици и ноќниот провод, Фарските острови се идеалното место на кое можете да го минете својот одмор.

Faroe Islands4

Овој драгоцен камен, сместен во Атлантскиот Океан, меѓу Исланд, Велика Британија и Норвешка, а кој и припаѓа на Данска, е населен со популација од само 50.000 луѓе.

Најинтересната гледка секако се многу малите населби, составени од живописни нордиски куќички, фјордови и океанот.

Faroe Islands

Едно од најголемите езера е Сорвагсватн, а неговата највпечатлива карактеристика е што се наоѓа на врвот на гребенот што го надвиснува морето.

Најпиторесно е селото Гасалдур, во кое живеат 18 лица. Додека на една страна е обиколено со планини, на другата може да се види водопадот што паѓа во океанот.

Faroe Islands2

Доколку повеќе Ви одговара активниот одмор на располагање Ви стојат нуркање, сурфање и риболов.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска