Дамјан Стојановски продолжува со МЗТ

Од:

Дамјан Стојановски и во следната сезона ќе го носи дресот на МЗТ Скопје Аеродром откако ги договорил условите за продолжување на соработката со актуелниот шампион на Македонија.

Според порталот екипа.мк преговорите помеѓу МЗТ Скопје Аеродром и Стојановски траеле повеќе од еден месец, за на крајот конечно бил постигнат договор репрезентативецот да остане уште една година во „Јане Сандански.“ Останувањето на Стојановски е втор ваков потег што го влече управата на МЗТ, откако претходно се договори за останување и со  Марко Симоновски.

Дамјан Стојановски минатата сезона потпиша за МЗТ во текот на сезоната, а потоа следуваше тешката повреда на коленото заради која Стојановски го пропушти вториот дел од сезоната.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он