Унгарски палачинки

Од:

Еден убав појадок или пак вкусен сладок десерт …

Потребно е:
6 јајца
200 мл млеко
400 гр брашно
изрендана кора од 1 портокал
1 ванилин шеќер
100 гр мелени или ситно сецкани ореви
1 лажиче какао
50 гр шеќер
2 лажици масло

Подготовка:
– Одвоите ги белките од жолчките. Белките изматете ги во густ шлаг и оставете го на страна.

– Во друг сад изматете ги жолчките, додадете ги млекото, кората од портокал и ванилиниот шеќер и повторно изматете. Потоа полека додадете ги изматените белки и маслото и измешајте со дрвена лажица. Садот оставете го на страна.

– Загрејте ја тавата  и само првиот пат сипете неколку капки масло во тавата. Со црпалка земајте од смесата за палачинки и сипете во тавата. Секоја палачинка пржете ја само од едната страна, не ја превртувајте од другата.

– Ставете ја на чинија и посипете ја со какао и малку шеќер. Кога ќе ја испржите и втората ставете ја над првата и посипете ја со мелени или ситно сецкани ореви и шеќер. Истата постапка повторувајте ја со сите испржени палачинки. Последната палачинка ставете ја најодозгора со ипржената страна од горе.

– Послужете ги топли. Можете пред да ги послужите да ги прелиете со некој овошен или јаворов сируп.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска