Еден од челните луѓе на Мерцедес, Тото Волф изјави дека се плашат од Ферари, но дека тоа е составен дел од Формула 1.
– Секако дека се плашиме, не победија во претходната трка и имаат реални шанси да се борат за титулата, но тоа е дел од Ф1, која би била смислата да нема конкуренција, изјави Волф.
Тој откри и дека Мерцедес веќе работи на болидот за следната сезона.
– Да работиме на прототип за 2016 г. но тоа не значи дека не сме фокусирани на следната трка. Уште 225 бодови се во игра, а ние мора да освоиме добар дел од нив и да стоиме цврсто на земја цело време, заврши германецот.