„Народно движење за Македонија очекува државниот врв најпосле да ја согледа вистинската опасност за земјата од големиот број мигранти по инцидентот на граничниот премин „Богородица„ каде мигрантите нападнаа полициски службеници со што започнаа да стануваат и насилни.
За НДМ нема дилема дека е ова почеток за поставување на сцената за внатрешна дестабилизација на земјата.
Затоа, НДМ како и македонските граѓани не ја разбираат единствено писарската улога на државата со издавањето на соодветни потврди на бегалците и нивно евидентирање, а во услови кога пристигнуваат алармантни вести од МВР за големиот број бегалци кои секојдневно влегуваат во земјата.
Оттука, НДМ смета дека е созреан моментот надлежните во Македонија состојбата со мигрантите да започнат да ја третираат како вонредна, и во оваа насока да го следат примерот на земји-членки на Европската Унија.
Односно, Македонија веднаш да ја затвори границата, а доколку околностите го налагаа тоа да биде поставена и заштитна ограда, бидејќи само така ќе може да се одговори на сериозниот предизвик пред кој е исправена земјата од влезот на илјадници мигранти дневно на нејзината територија“, се вели во соопштението на НДМ.