ЛДП: Со кој образ Груевски парадира низ Источна Македонија?

Од:

„Премиерот Никола Груевски и врхушката на власт го допреа дното обидувајќи се да ловат гласови за престојните парламентари избори, без трошка совест и срам за пустошот што го оставија во изминатите девет години во Источна Македонија.

Камен темелник за изградба на фекална канализација, двојно тениско игралиште, пуштање во употреба на пешачка патека, ова е  уште една во низата срамни популистички агенди на премиерот Никола Груевски денеска во источниот дел на Македонија, во градовите Кочани, Виница и Берово.

ЛДП го прашува премиерот Груeвски, јавно да одговори колку жители од источниот дел на Македонија заминаа на печалба, колку  куќи се затворија, колку семејства се разделија,   откако тој и неговите бедни економски политики ги оставија жителите од овие краишта на работ на сиромаштијата, без егзистенција , а младите  без перспектива.

Ќе може ли Груевски денеска да  им се извини на беровчани, виничани и кочанчани  за лагите, за неуспешните економски политики , за  ветените нови фабрики,  за странските инвестиции  и за  фамозните  нови работни места.

Ниту едно ново ветување на Груевски не може да ги измие валканиците и фекалиите   во кои тој е длабоко потонат по криминалите и  алчноста за негово лично богатење на грбот на македонскиот народ“, се вели во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

СДСМ: Сиљановска е во улога за спас на Никола Груевски и Христијан Мицкоски?

Горан Наумовски

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он

(ВИДЕО) Зајкова: Срамно е по 18 месеци чекање нов Кривичен законик, да добиеме само козметички интервенции